Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, ќе му се спротистави на актуелниот градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, кому вчера СДСМ му ја ја довери одговорноста вторпат да се бори за престижната функција во македонскиот бисер. Во изјава за ТВ Сител, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, соопшти дека фаворит на партијата за прв човек на Охрид е актуелниот пратеник од нивните редови, кој претходно бил советник во Општината Охрид и им е добро познат на охриѓани.
„Познат е и во лекарската фела како стоматолог, меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека може на Охрид да му го врати сјајот што во овие неколку години наназад го изгуби, па дури се најде и на црвената ризична листа на УНЕСКО“,
рече Милошоски.
Според Милошоски, предноста на Кирил Пецаков пред актуелниот градоначалник е тоа што „Георгиески нема ист однос кон сите охриѓани“.
„За некои охриѓани руши дивоградби, а за некои што се финансиски посилни – не. Со тој селективен однос ја губи довербата кај граѓаните“,
смета Милошоски.
Кон крајот на овој месец, како што најави тој, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници во 45 општини, а останатите да бидат промовирани во август.
На предвремените локални избори во 201 г.. актуелниот градоначалник Константин Георгиески оствари победа во вториот круг. Противкандидат му беше доктор Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ. Од вкупно 30 397 (58,12%) гласачи кои решија да излезат на изборите. Георгиески доби 16 523 гласа (54,36%), додека за Милошевски се определија 41,68% или 12 668 од избирачите.