Министерот за здравство на Кипар соопштувајќи ги мерките рече дека во последните денови има стабилизирање на епидемиолошките индикатори, како и значително намалување на притисокот на здравствениот систем, што овозможува воздржано чувство на оптимизам за текот на пандемијата
Со стабилизација на епидемиолошката состојба, во Кипар од денеска стапува во сила олеснувањето на ковид-рестрикциите, а веќе е дозволен влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, театрите, на стадионите, на свадбите и крштевките и за невакцинирани лица, но со задолжителен рапид-тест.
Дополнително, се зголемува и исполнетоста на кината и театрите на 75 отсто од капацитетот, на спортските натпревари на 70 проценти, во угостителските објекти, на свадбите, крштевките и слично. Во угостителските објекти дозволени се по 12 лица на маса, наместо осум како што беше досега, а се укинува и забраната за танцување во кафулињата и клубовите.
Паралелно, во градинките се воведува задолжително тестирање со рапид-тестови еднаш неделно за деца со наполнети четири години.
Министерот за здравство на Кипар Михалис Хаѕипанделас соопштувајќи ги мерките рече дека во последните денови има стабилизирање на епидемиолошките индикатори како и значително намалување на притисокот на здравствениот систем, што овозможува воздржано чувство на оптимизам за текот на пандемијата.
Во Кипар целосно се вакцинирани 642 892 лица, а 432 171 граѓанин примиле и засилувачка доза од антиковид-вакцината.