Лидерот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, ќе ѝ испрати на Србија уште 500 000 дози вакцини од „Синофарм“, пишуваат српски „Новости“.
Ваков договор, кинескиот лидер постигнал со неговиот српски колега Александар Вучиќ, а, како што пишува „Новости“, куриозитет е што вакцината ќе биде испорачана на 5 март кога е и роденденот на српскиот претседател.
„Тоа не треба да изненадува бидејќи Кинезите водат сметка за сите детали, па и оние кои не можат да се вбројат во секојдневните дипломатски разговори“,
пишува медиумот.
На 16 февруари, во Србија пристигнаа првите еден милион вакцини од Кина.
Покрај со кинеската, процесот на вакцинација кај северниот сосед се одвива и со вакцините на „Фајзер“ и со руската „Спутник Ви“.
Во понеделникот во Србија пристигна и нов контингент од 46 800 дози од вакцината на „Фајзер“, како и 50 000 дози од руската вакцина „Спутник Ви“.