Кинеските државни медиуми денеска објавија дека во вежбите, со кодно име „Заеднички меч-2024А“, ќе учествуваат единици на армијата, морнарицата, воздухопловните сили и ракетните сили кои оперираат во Тајванскиот теснец
Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван, како „казна“ за, како што ги нарече „сепаратистичките акти“ на одржување избори и инаугурацијата на нов претседател од страна на Тајпеј, пренесува „Гардијан“.

Кинеските државни медиуми објавија дека десетици воени авиони на Народноослободителната армија кои носеле боеви глави извршиле симулирани напади врз воени цели од високо значење, оперирајќи заедно со морнарицата и ракетните сили.
Во пропагандните фотографии објавени од државните медиуми, според британскиот весник, се споменуваат и кинеските балистички ракети „Донгфенг“, но не се наведува дека се користени во вежбите.
Како одговор на вежбите, Тајван ја обвини Кина за „ирационална провокација и нарушување на регионалниот мир и стабилност“.
Министерот за одбрана на Тајван соопшти дека поморските, воздушните и копнените сили се ставени во состојба на готовност, зајакната е безбедноста на базите, а на силите за воздушна одбрана им е наредено да ги надгледуваат потенцијалните цели.
Вежбите, според светските медиуми, се првиот посериозен одговор на Кина по овонеделната инаугурација на Лаи Чинг-те како петти претседател на Тајван, по победата на изборите што се одржаа во јануари.
И новиот претседател Лаи и неговиот претходник Цаи Инг-вен се од просуверената Демократска напредна партија (ДПП), која Пекинг ја смета за сепаратистичка.
Кинеските државни медиуми денеска објавија дека во вежбите, со кодно име „Заеднички меч-2024А“, ќе учествуваат единици на армијата, морнарицата, воздухопловните сили и ракетните сили кои оперираат во Тајванскиот теснец.
The Eastern Theater Command of the Chinese People’s Liberation Army (PLA) released demonstration map for Joint Sword-2024A military drills conducted surrounding Taiwan Island https://t.co/R9Pvxh7eh4 pic.twitter.com/4QARy3jDbJ
— China Xinhua News (@XHNews) May 23, 2024
Единиците ќе оперираат и околу островите Кинмен, Мацу, Вукиу и Донгин, кои се блиску до кинеското копно.
Портпаролот на Народноослободителната војска на Кина, Ли Кси рече дека вежбите „ќе послужат како силна казна за сепаратистичките дејствија на силите кои се за независен Тајван и строго предупредување против мешањето и провокациите на странските сили.
„Актуелната воена вежба не само што не помага за мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, туку ја истакнува и хегемонистичката природа на кинеската комунистичка партија“,
одговори тајванското Министерство за одбрана.