Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, вчера го предупреди Советот за безбедност на Обединетите нации дека во Запорожје може да се случи „нешто многу, многу катастрофално“.
Еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара од завојуваните страни да воспостават безбедносна зона, Русија денеска повторно ја гранатирала областа околу нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјавил регионалниот гувернер Валентин Резниченко.
Градот Никопол, кој се наоѓа на другиот брег на Днепар спроти електраната, бил погоден од ракети и тешка артилерија.
„Во електраната избувнуваат пожари, снемува струја и се случуваат други работи кои нè наведуваат да го подготвиме локалното население за последици од нуклеарна закана“,
рекол Резниченко.
Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, вчера го предупреди Советот за безбедност на Обединетите нации дека во Запорожје може да се случи „нешто многу, многу катастрофално“.
Потенцијалната опасност ја натера МААЕ да побара од Русија и Украина да воспостават „нуклеарна безбедносна зона“ околу централата.
Ниту властите во Москва ниту во Киев веднаш не ја коментираа идејата за безбедносна зона тврдејќи дека им се потребни повеќе детали.