Албанските опозиционери прашуваат дали тоа што лидерот на ДУИ во дел од вчерашното интервју за „360 степени“ говореше и на македонски јазик е за да им се допадне на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а како што велат, „низ вода да го пушти СДСМ“
Дали Ахмети ќе проговореше на македонски ако не се здружеше албанската опозиција, прашуваат преку писмено соопштение партиите од албанскиот опозициски блок – Алтернатива, Беса и Демократско движење, откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во синоќешното интервју за „360 степени“ дел од одговорите ги даваше на македонски јазик.
Албанските опозиционери прашуваат дали тоа што Ахмети во дел од вчерашното интервју говореше и на македонски јазик е за да им се допадне на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а „низ вода да го пушти СДСМ“.
„Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружуваше албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори“,
се додава во заедничкото соопштение на Алтернатива, Беса и Демократско движење.
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Ахмети, во синоќешното интервју за „360 степени“ дел од одговорите на прашањата ги даде и на македонски јазик.
„Да не ги повторуваме грешките од прашањето за името со Грција“, одговори тој на македонски јазик кога аргументираше зошто Бугарите треба да се внесат во Уставот.
Целото интервју со Ахмети погледнете го ТУКА.