Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе 38 предлози за казнени налози против вкупно 43 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Предложени се и казни од по 2 000 евра за секој од нив или вкупно 86 000 евра.
Од ЈО соопштија дека сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и превенција на заразната болест ковид-19.