Сообраќајната полиција казни 114 возачи во главниот град. Како што соопшти МВР, најголем дел, односно 46 санкции се изречени за возење повеќе од дозволената брзина, осум се за возење без возачка дозвола, седум се за моторциклисти, а три за возење со мобилен телефон.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Оттаму велат дека и во наредниот период продолжуваат засилените акциски контроли.