Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, партија неодамна стапи во предизборна коалиција со СДСМ за претстојните избори на 12 април, за време на престојот во САД се сретна со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија и поранешен американски амбасадор во земјава, Филип Рикер.
„Се сретнав со амбасадорот Филип Рикер во Стејт департментот, каде што имавме многу плоден разговор за случувањата во Северна Македонија. Го информиравме амбасадорот за последните случувања и за коалицијата СДСМ-Беса како победничка коалиција. Имаше позитивна оцена од амбасадорот и од сите дипломати овде во САД за оваа коалиција, која е коалиција за иднината на Северна Македонија“,
вели Касами во видеоизјавата објавена на неговиот профил на Фејсбук.