Лидерот на опозициското Движење БЕСА, Билал Касами, во интервју за „360 Степени“ на Алсат, зборуваше за претстојните избори и како би постапиле во вториот круг, дали оставаат можност за соработка со македонската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ.
– Постои, наизглед, мал проблем, но е суштествен. А тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ преку нејзиниот претседател порача дека не ги сака гласовите на Албанците. Тие многу јасно се изјаснија кои гласови им се на мета. Другиот дел се однесува и на самиот избор на нивен кандидат. Значи, тие во ниеден момент не биле подготвени да седнат со нас како опозициска партија, така како што седнавме заедно со претседателот на Алијансата за Албанците за да го поддржиме или да одлучиме со каква опција може да одиме на овие избори. Значи, за да се поддржи еден кандидат во првиот или вториот круг, првично треба да има изразено јасен став или јасно барање за такво нешто. Досега немало такво барање од страна на македонската опозициска партија. Од друга страна, самата нејзина досегашна реторика не дава надеж за поблиска соработка, било за претседателските, или за предвремените избори, или и за следните парламентарни избори. Додека продолжуваат со една националистичка реторика, ќе биде тешка секоја соработка во овој случај, поширока опозициска. Ние посакуваме оваа партија како важен фактор на политичката сцена да рефлектира, но додека нема јасен став во однос на меѓуетничките релации во Македонија за ние како опозициска партија да разговараме потоа за позициите власт-опозиција, ќе биде тешка една таква соработка меѓу опозицискиот кампус генерално, македонскиот и албанскиот – рече Касами.
Тој претходно напомена дека БЕСА и Алијансата за Албанците го поддржуваат кандидатот за претседател Блерим Река и веруваат дека ќе оди во вториот круг, меѓутоа што и да се случи, нема да постапат како што направиле ДУИ на минатите претседателски избори, со повик за бојкот, да му помогнат на Иванов да победи.
Напишете коментар