Јас сум цврст како куче и ќе издржам, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, која подолго време е цел на критики и барања за оставка што главно доаѓаат од таборот на опозицијата
Комисијата за заразни болести не е влада. Ние сме советодавно тело на министерот за здравство и не носиме одлуки, туку само ја анализираме ситуацијата од стручен аспект и даваме препораки, изјави, на денешната прес-конференција, претседателот на оваа Комисија Жарко Караџовски, по прозивките што веќе подолго време се испраќаат на нејзина адреса, посебно од опозицискиот табор.
„Оставете ги пишувањата против Комисијата. Најпрофесионално ја работиме работата, а сум бил член на сите состави на Комисијата. Ве молам тоа да го имате предвид пред да почнете да ме напаѓате во медиумите. Тоа не е пријатно ниту за мене, ниту за мојата фамилија. Но јас затоа ќе издржам. Затоа што сум цврст како куче“,
рече Караџовски на крајот на своето излагање.
Комисијата, објасни тој, изготвува протоколи и ги дава на министерот за усвојување на Влада. Комисијата, додаде, е стручно-советодавно тело, а главниот Кризен штаб ги донесува одлуките. Епидемиологот, исто така, апелираше да се почитуваат мерките.
„Ве молам да ги почитуваме мерките, само со доследно почитување на мерките можеме да испливаме од оваа вода. Не смееме сами на себе да си пресудуваме и во ситуација кога цела Европа ги намалува мерките ние да воведуваме нови рестрикции. Јас сум свесен дека можеби 20 проценти од населението не ја сфаќаат сериозно ситуацијата. Но тие што биле на Инфективната клиника, може да пишуваат мемоари. Не е сеедно да гледате како умираат луѓе, не е сеедно да предлагате рестрикции. Основата се мерките за два метри дистанца и за носење заштотна опрема. Тие мерки се применуваат во цел свет
рече Караџовски.
Тој рече дека не чувствува одговорност поради актуелната ситуација со епидемијата на ковид-19. Нагласи дека Комисијата за заразни болести е составена од голем број лекари назначени од министерот за здравство, кој , како што рече, може да ги разреши во секое време и да назначи други.
„Не сум убил некого за да чувствувам одговорност. Мојот став секогаш бил стручен , издржан и епидемиоолошки. Сум се борел и со други епидемии – и во владите на СДСМ и во Владите на ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата не е поврзана со Владат. Ние му дава мислења на министерот, а тој можеда не не тангира, главниот Кризен штаб може да ја отфрли или преиначи која било наша препорака. Ние не сме владини луѓе. Не сме поврзани со партија. Ние сме професионалци. Ние сме најголемите професионалци во државата. Тука работам 27 години. Филипче ми е 13. министер, а сегашниот директорот на Институтот за јавно здравје ми е деветти директор“,
изјави Караџовски.