Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе се стави во самоизолација откако неговата сопруга покажала симптоми за коронавирус, јавува Би-би-си.
Ваквата одлука тој и сопругата Софи ја донеле откако се вратиле од патување во Лондон.
„Г-ѓа Трудо по враќањето покажа благи симптоми слични на оние за коронавирус, вклучувајќи и треска која се појави минатата ноќ“, соопштиле од неговиот кабинет.
Поради тоа премиерот Трудо се ставил во самоизолација, а состаноците и брифинзите ќе ги одржува по телефон.