Дел од патиштата и пешачките патеки беа затворени, а евакуирани биле и околни хотели
Камион синоќа се заби во безбедносната ограда спроти Белата куќа, по што возачот е приведен.
Од американската тајната служба објавија дека никој не е повреден, како и дека камионот е безбеден, а првичните резултати од истрагата сугерираат дека несреќата можеби била намерна, пренесува Би-би-си.
Дел од локалните патишта и пешачките патеки во околината беа затворени. Биле евакуирани и околните хотели.
Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / ABACA