Министерството за здравство вклучи близу 1 200 матични лекари во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус
Министерството за здравство информира за протоколите според кои треба да постапуваат матичните лекари во случаи кога постои сомневање и кога е дијагностициран коронавирус кај пациенти кои се на домашно лекување.
- Секој матичен лекар кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.
- За пациент на домашно лекување, матичниот лекар постапува по претходно утврден и усвоен протокол на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
- Матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот двапати во текот на денот, да го известува системот „Мој термин“, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во Министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
- Министерството за здравство вклучи близу 1 200 матични лекари во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус.
- Граѓаните кои имаат симптоми типични за ковид-19, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани. Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „Мој термин“ со точно време и место за тестирањето.