Преговорите со синдикатите во однос на усогласувањето на платите, како што нагласи вицепремиерот Фатмир Битиќи, продолжуваат и натаму, додавајќи дека целта е да се најде одржливо и долгорочно решение со целосна методологија за раст на плати
Пред една недела, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски најави радикализирање на штрајкот во јавниот сектор од септември ако Владата не ги исполни нивните барање, меѓу кои – со покачувањето на минималната плата за 18,4 проценти, да се усогласат сите останати плати
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на ТВ Канал 5 кажа дека преговорите со синдикатите продолжуваат и натаму, потенцирајќи дека како што е најдено решение за зголемување на минималната плата, така ќе се најде решение и за усогласување на останатите плати согласно растот на минималецот.
„Тоа што имаме разидување со синдикатите е решението ‘сега или никогаш’. Ние велиме не, решение ќе најдеме сега, одржливо, со целосна методологија за раст на плати, за да не се вратиме следната година зашто не чекаат други предизвици со синдикатите. Ние нудиме одржливо и долгорочно решение, кое нема да направи голема разлика. И не е вистина дека не се зголемени платите“,
потенцира Битиќи.
Пред една недела, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски најави радикализирање на штрајкот во јавниот сектор од септември ако Владата не ги исполни нивните барање, меѓу кои – со покачувањето на минималната плата за 18,4 проценти, да се усогласат сите останати плати.
Димовски потенцира дека согласно Законот за минимална плата и новата методологија, со порастот на минималната плата треба да се усогласат и сите останати плати, односно со растот на минималецот за 18,4 проценти, во рок од шест месеци мора да се усогласат и останатите плати. Но, како што вели и самиот, тоа не се случи, па поради тоа од септември ќе следи радикализација на штрајкот во јавниот сектор.
Во вечерашното гостување на ТВ Канал 5, вицепремиерот Фатмир Битиќи повтори дека инфлацијата до јули е 10,9 отсто.
„Дали можеме во овој момент повеќе да се бориме со инфлацијата – не, зашто е увезена. Опозиционерите многу добро знаат дека увозно и извозно зависна економија тешко се бори со инфлација, освен мерките кои соодветно се носат во овој период и дадоа резултат“,
рече Битиќи.