Полицијата синоќа запрела „цитроен“ со српски регистарски ознаки управувано од жител на Врање во кое биле откриени 12 мигранти од Сирија. Возачот е приведен и известен е јавен обвинител.
МВР соопшти дека синоќа околу 23:15 часот, на регионалниот пат село Давидово – Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С.(35) од Врање, Србија. При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија.
Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.