Нашиот став околу датумот за изборите е принципиелен и уште од самиот почеток кажавме дека прво ќе се случат претседателските избори, а потоа во утврдениот законски рок, редовните парламентарни, рече портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски
Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски, денеска на прес-конференција порача дека очекува прашањето во однос на работните групи за утврдување на точниот датум за одржување на претседателски и парламентарни избори да се отвори на координација во текот на следната недела во Собранието.
„Нашиот став околу датумот за изборите е принципиелен и уште од самиот почеток кажавме дека прво ќе се случат претседателските избори, а потоа во утврдениот законски рок, редовните парламентарни. Во делот на работните групи, очекувам на координација во текот на следната недела со сите координатори на политичките партии што се застапени во Собранието, да се отвори ова прашање и секако, ние како политичка партија, сме подготвени и ќе номинираме член за утврдување на точниот датум за одржуваме и на претседателските и на парламентарните редовни избори, согласно законите“,
рече Каевски.
Тој кажа и дека до Нова година има соодветно време да се формираат работните групи, а потоа низ работа да се утврдат точните датуми за одржување на претседателските и редовните парламентарни избори што, потенцираше, верува дека ќе се случи до крајот на оваа година.