Ирскиот поп-рок бенд Ју-ту донираше 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема.
Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ.
„Иако владата нарача опрема што во нормално време би била доволна за 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“,
напиша ирскиот премиер Лео Варадкар на Твитер и притоа им се заблагодари на музичарите.
Ју-ту со години е дел од многу национални, но и светски проекти за справување со кризи.
Во Ирска досега 6 074 луѓе се заразени со коронавирус, а 235 починале.