Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) воведува нова автобуска линија со број 29 која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.
„Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог-решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје“,
велат од ЈСП.
Почетна, односно крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица МАНАПО, на почетно-крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.
Ќе се користат постојните утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред:
*од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч.
*од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.