Бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз нема да важат од утре, па во наредните две недели.
Како што соопшти ЈСП „Скопје“, времено нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год., мажи со 64 год.) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичницата на Водно.
„Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки“,
се вели во соопштението.
Претходно ЈСП соопшти дека автобусите ќе сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на возниот ред кој важи за време на училиштен распуст.
