ЈП „Лајка“ започнува со стратешко заловување кучиња на територијата на општина Аеродром, информираат од претпријатието. Заловувачкиот тим, како што наведуваат, ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне, а кое го нема поминато хуманиот третман.
„Нашиот тим на заловувачи оваа недела (17-21 јули) ќе заловува во Општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово“
се наведува во соопштение од ЈП „Лајка“.
Од претпријатието информираат дека доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче, кое сакаат да им го посочат на тимовите, да пријават електронски или да се јават во ЈП „Лајка“.