Со новиот Закон за јавно обвинителство, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност така и во делот на постапувањето во предметите, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Тој истакнува дека пред сè се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителот кој ќе раководи со ова јавно обвинителство, бидејќи со новиот Закон се предвидени решенија тој јавен обвинител да го избираат јавните обвинители на непосредни избори. Според Јовески, ваквата поставеност на ова обвинителство е доволна гаранција дека ќе може успешно да се справува со тешките кривични дела и корупцијата.
Исто така, се овозможува и Обвинителството да продолжи да постапува постапува по сите предмети што ги отвори СЈО.
Јовески е дециден дека новото законско решение не значи скриена амнестија на определени сторители на кривични дела.
„Мислам дека таквото становиште нема основи во Законот. Да истакнам дека Законот правеше една организација на јавното обвинителство да го издигне на ниво на професионален и неселективен орган и во него се содржани решенија кои , ако мислите на предметите на Специјалното јавно обвинителство, обезбедува овие предмети понатаму да продолжат со постапката. Меѓутоа, мора да укажам дека во завршните одредби, земајќи го предвид и начелното правно мислење на Врховниот суд, дека прислушуваните материјали се користат во оние предмети кои се поднесени во судот до 30 јуни 2017 година, а потоа Обвинителството исто така ќе може да ги користи како индиции овие материјали, така да вкупно по сите предмети кои се отворени од страна на СЈО ова Обвинителство ќе може да постапува по нив“,
вели Јовески за МИА коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека со Законот ќе се задоволат нечии дневно-политички потреби и дека со него се прави обид да амнестија на функционери на актуелната власт.
*Поврзана вест
Јовески не ги смета за политички притисок маршот на СДСМ и протестот на ВМРО-ДПМНЕ