Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за ТВ24 вели дека жалбата за притворот на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков е повлечена кога полицијата го барала, но дека оваа мерка може да се промени по изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ во петок.
Јовески рече дека обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка, бидејќи како што посочи, се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство на Мијалков.
Јовески остава простор за промени на оваа мерка по изрекување на пресудата.
„Жалбата е повлечена оти во тој момент решението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка, со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство. Во петок е објавувањето на пресудата, ќе се разгледуваат мерките за присуство на обвинетиот“,
вели Јовески за ТВ24.