Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ја заврши војната доколку Киев се согласи да ги предаде четирите украински региони на истокот и југот на земјата што Русија ги анектира
Украина не е подготвена да постигне компромис со Русија и да отстапи од кој било дел од својата територија за да заврши војната, изјави синоќа во Вашингтон шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, коментирајќи ја изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може брзо да го прекине конфликтот во Украина доколку биде избран за претседател на САД во ноември.
Британските медиуми пренесуваат дека Јермак кажал дека Украина ќе ги послуша сите совети за да постигне, како што навел, праведен мир, но дека не може да прави компромиси кога станува збор за независноста, слободата, демократијата, територијалниот интегритет и суверенитет.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ја заврши војната доколку Киев се согласи да ги предаде четирите украински региони на истокот и југот на земјата што Русија ги анектира.
Јермак е во посета на Вашингтон пред самитот на НАТО следната недела во овој град каде што се очекува Украина да биде главна тема.