Организаторите разгледуваат голем број сценарија, вклучително и одржување на натпреварите без публика
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга е решен, Олимписките игри во Токио да се одржат ова лето, и покрај неизвесноста во Јапонија поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот.
„Олимписките игри треба да бидат симбол на човечката победа над пандемијата“,
рече Суга, говорејќи на виртуелниот состанок на Светскиот економски форум.
Тој вети дека ширењето на заразата ќе го стави под контрола што е можно поскоро, за да можат Олимписките игри да се одржат на безбеден начин.
Олимписките игри требаше да се одржат минатото лето во Токио, но тие беа одложени за една година поради пандемијата.
Според плановите, тие би се одржале од 23 јули до 8 август. Организаторите разгледуваат голем број сценарија, вклучително и одржување на натпреварите без публика.
Во Јапонија на сила се итни мерки против ширењето на коронавирусот кои најверојатно ќе останат уште неколку недели.