Токму оваа висока „стабилност во околината“, односно високата зараза и екстремната издржливост, му овозможува на омикрон да ја замени делта-варијантата како доминантен сој и да се шири со таква брзина, заклучија јапонските научници
Сојот омикрон може да преживее подолго на човечка кожа и на пластични површини во споредба со претходните соеви на коронавирус, открија јапонските истражувачи при лабораториски тестирања.
Токму оваа висока „стабилност во околината“, односно високата зараза и екстремната издржливост, му овозможува на омикрон да ја замени делта-варијантата како доминантен сој и да се шири со таква брзина, заклучија јапонските научници.
На пластичните површини, просечното време на преживување на оригиналниот сој на коронавирус беше 56 часа, алфа-сојот 191,3 часа, бета-сојот 156,6 часа, гама 59,3 часа и делта 114 часа.
За омикронот, пак, јапонските истражувачи открија дека останува на пластичните површини околу 193,5 часа, а резултатите, кои сè уште не го поминале стручниот преглед на нивните колеги, се објавени на БioRxiv.
На примероците на кожата, просечното време на преживување на коронавирусот беше 8,6 часа за оригиналниот вид, 19,6 часа за алфа-сојот, 19,1 часа за бета, 11,0 часа за гама сојот, 16,8 часа за делта и повторно највисоко за омикрон – 21,1 часа.
Сите соеви на коронавирус се целосно деактивирани од човечка кожа по 15 секунди изложеност на средства за дезинфекција на раце на база на алкохол.
Затоа, заклучуваат јапонските научници, сè уште се препорачува, како дел од сегашната контрола на инфекциите, да се продолжи со сегашната практика на хигиена на рацете со средства за дезинфекција на база на алкохол, но и со сапун, во согласност со препораките од Светската здравствена организација.