Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во видео-порака објавена на Фејсбук оценува дека „бројките на новозаразени од ковид-19 се катастрофални“, а „состојбата е навистина алармантна“.
„Власта наместо да покаже вистинска грижа за граѓаните, носи небулозни мерки од кои апсолутно никој нема корист. Зошто заменик-министерката Славјанка од МВР не е во самоизолација? Како тоа за нејзе е направен исклучок и по кои критериуми? Лицемерно ви е однесувањето, лицемерно и кон опозицијата и кон сите граѓани“,
пишува Јанушев со видео-пораката.