На Фејсбук таа објави дека е дома со семејството, заедно со фотографија на која се гледаат автомобили пред нејзината зграда во близина на МВР
„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“.
Ова денеска на својот Фејсбук профил го напиша ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Нејзината објава е реакција на видеото што го објави ТВ Клан и информацијата вчера, според која се врши проверка на сите автомобили кои циркулираат во близина на нејзината зграда.
Ова се случи откако Врховниот суд ја потврди затворската казна за случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот „мерцедес“, според која Груевски е осуден на две години затвор, a Јанкулоска и Поповски на 4 години.