Словенечкото Собрание утре ќе одлучува дали Јанез Јанша ќе добие нов премиерски мандат.
Коалициските партнери Словенечка демократска партија, Партија на модерен центар, Демократска партија на пензионерите во Словенија и Нова Словенија имаат 48 пратеници во 90-члениот парламент во Љубљана.
Партнерите во новата владејачка коалиција веќе си ги поделија ресорите и ги презентираа владините приоритети. Оваа нова влада, предводена од Јанша, ќе има мандат од две и пол години, односно до следните редовни парламентарни избори.
Во петокот неколку илјади граѓани на Словенија маршираа низ улиците во Љубљана против новата коалиција која по третпат ќе го донесе Јанша на премиерската функција. Toj ја предводеше словенечката влада во периодот од 2004 до 2008 година и потоа од 2012 до 2013 година.