По примопредавањето на функцијата градоначалникот Јакимовски одржа состанок со општинската администрација, при што на вработените им посака успешна работа во функција на граѓаните
Општинската изборна комисија во Карпош денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник Стевчо Јакимовски и советниците од Советот во општината.
Потоа во кабинетот на градоначалникот на општината беше извршено примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Стефан Богоев и новиот градоначалник Стевчо Јакимовски.
Претходникот на Јакимовски, Богоев на својот фејсбук-профил објави дека денеска извршил примопредавање на функцијата и им посака успех на неговиот наследник и на советниците.
По примопредавањето на функцијата, градоначалникот Јакимовски одржа состанок со општинската администрација, при што на вработените им посака успешна работа во функција на граѓаните.