Осомничените успеале да ја убедат С. Ј., која живеела во вонбрачна заедница со И. А. да го даде своето новородено бебе на незаконско посвојување, во замена за финаниска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи
По отпустот од болница, С. Ј. и новороденчето се преземени од Ф. А. и однесени во нејзиниот дом, каде што подоцна пристигнале И. Ш. и Џ. Ш. и во својство на „посвоители“ го презеле бебето и го однеле во својот дом
Според МВР, на осомничените, по одлука на судија на претходна постапка им е одредена мерка домашен притвор
Шест лица од Скопје, Куманово и Тетово добија кривична пријава поради сомнежи за организирање и реализирање незаконско посвојување на новороденче, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според полицијата, родителите на новороденчето се доведени во заблуда и убедени да се откажат од него во замена за финансиска помош и други бенефиции.

„Кривична пријава е поднесена против Ф. А. (63), Ѓ. К. (57), И. Ш. (35) и Џ. Ш. (35) од Скопје, како и против С. Ј. (35) од Куманово и И. А. (38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело трговија со дете“,
се вели во полициското соопштение.
Според описот на случајот, во текот на 2024 и 2025 година првопријавените Ф. А. и Ѓ. К. организирале незаконско посвојување на новородено бебе.
„Ф. А., користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, воспоставувала контакти со заинтересирани брачни парови. Ѓ. К., по претходен договор со неа, а со цел заобиколување на законската процедура за посвојување согласно Законот за семејство, стапувала во контакт со лица во тешка материјална и социјална состојба. Таа доведувала во заблуда родители што не биле во можност да се грижат за своите новородени деца и ги убедувала, за одреден паричен надомест и други бенефиции, да се согласат на незаконско посвојување на нивните новороденчиња“,
соопштија од МВР.
Во конкретниот случај, осомничените успеале да ја убедат С. Ј., која живеела во вонбрачна заедница со И. А. да го даде своето новородено бебе на незаконско посвојување, во замена за финаниска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи.
„По отпустот од болница, С. Ј. и новороденчето се преземени од Ф. А. и однесени во нејзиниот дом, каде што подоцна пристигнале И. Ш. и Џ. Ш. и во својство на ‘посвоители‘ го презеле бебето и го однеле во својот дом“,
се вели во описот на случајот.
Истрагата утврди, како што наведуваат од полицијата, дека на 17 октомври 2025 година е склучен договор на заем од 500 евра меѓу Џ. Ш., како заемодавач и И. А., како заемопримач, кои истиот ден се исплатени, како надомест за незаконито посвојување на бебето.
Според МВР, на осомничените, по одлука на судија на претходна постапка им е одредена мерка домашен притвор.
