Според излезните анкети сите три национални телевизии во Хрватска, на претседателските избори води кандидатот на СДП Зоран Милановиќ со 29,58 отсто од гласовите, пред актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, поддржана од ХДЗ, со 26,38 проценти од гласачите. На трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 24,10 отсто од гласовите.
Во 19 часот затворени се избирачките места во Хрватска, на кои 3,85 милиони избирачи одлучува кој од 11-те кандидати ќе ја предводи државата наредните пет години.
Првите официјални податоци Хрватската Државна изборна комисија (ДИП) ќе ги објави околу 20 часот.