Дополнително, одговарајќи на прашањето колкава е новата цена за изградбата на автопатот Кичево-Охрид, директорот на ЈП за државни патишта Рустеми кажа дека според важечкиот договор усвоен во Собранието цената била заведена во долари, а поради промената на односот на еврото и доларот, како и поради зголемувањето на цената на градежните материјали, не сака да шпекулира за цените и за износот ќе се знае на крајот од изградбата
Поради проблеми со експропријацијата на приватни парцели доцни изградбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.
Освен за изградбата на овој автопат, Рустеми при посетата на почетокот на реконструкцијата на патот меѓу селата Робово и Муртино во Струмица, зборуваше и за другите автопати во земјава.
Одговарајќи на прашањето колкава е новата цена за изградбата на автопатот Кичево-Охрид, Рустеми кажа дека според важечкиот договор усвоен во Собранието цената била заведена во долари, а поради промената на односот на еврото и доларот, како и поради зголемувањето на цената на градежните материјали, не сака да шпекулира за цените и за износот ќе се знае на крајот од изградбата.
„Тоа според амандманот е до крајот на 2023 година и сега можам да кажам дека се работи интензивно на целата траса од Кичево до Охрид и е воведена и втора смена. Значи, досега не се работеше толку интензивно на оваа делница“,
посочи Рустеми.
Во однос на прашањето за рехабилитација на обиколницата околу Богданци, Рустеми кажа оти овој проект не е заглавен и дека има избор на изведувач. Проблеми се појавиле околу одобрување на проектот но, како што посочи, тоа веќе е надминато и многу бргу се очекува да почнат работите таму.