„Ние имаме свои забелешки за владиниот состав. Сакаме да го слушнеме и гласот на членството, на граѓаните и врз основа на тоа потоа заедно да донесеме заклучоци. Ние немаме дилеми околу стратешките ориентации на владата. Ние сме придонеле за стратешките прашања и ќе придонесуваме и понатаму“, изјави Меџити, кој е еден од најекспонираните членови на т.н. „огнена група“ кои бараат смена на министри во Владата од редовите на ДУИ, пред се на првиот вицепремиер, Артан Груби
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак во своето обраќање на трибината во Чегране, алудирајќи на барањата и потезите на „огнената група“, истакна дека не може да му се наметнува ултиматум или програмска линија со платформи бидејќи за нив одлучува конгресот, а дека тој само ги спроведува тие одлуки и одговара на ова највисоко партиско тело. „Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант и водач, или воопшто не сум“, рече Ахмети
Речиси истовремено со трибината на ДУИ во гостиварско Чегране, на која присуствуваше лидерот Али Ахмети со високи фунционери и соработници, синоќа членови на партијата од „огнената група“ одржаа средба со симпатизери во Битола.
Како што беше посочено од „огнените“, кои бараат промени во партијата и смена на министри во Владата од редовите на ДУИ, пред се на првиот вицепремиер, Артан Груби посочија дека средбата е составен дел од внатрешните демократски процеси во партијата.
Потпретседателот на ДУИ и пратеник во Собранието, Изет Меџети, кој е еден од најекспонираните членови на „огнената група“, во изјава за медиумите рече дека средбите кои периодов ги организираат меѓу членството се со цел да се слушне нивниот глас, нивните забелешки и идеи и дека тоа е дел од демократските процеси внатре во ДУИ.
Тој порача дека имаат забелешки за владиниот состав, но немаат дилеми околу стратешките ориентации на Владата.
„Ние имаме свои забелешки за владиниот состав. Сакаме да го слушнеме и гласот на членството, на граѓаните и врз основа на тоа потоа заедно да донесеме заклучоци. Ние немаме дилеми околу стратешките ориентации на владата. Ние сме придонеле за стратешките прашања и ќе придонесуваме и понатаму“,
изјави Меџити.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак во своето обраќање на трибината во Чегране, алудирајќи на барањата и потезите на „огнената група“, истакна дека не може да му се наметнува ултиматум или програмска линија со платформи бидејќи за нив одлучува конгресот, а дека тој само ги спроведува тие одлуки и одговара на ова највисоко партиско тело.
„Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант и водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите. Така што, ДУИ никогаш не била посилна… ДУИ создаде институции кои никој не може да ги уништи“,
посочи Ахмети.
На дејствувањето на „огнените“ имлпицитно во своето обраќање се осврна и претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери. Тој рече дека овие „паралелни активности што почнаа мора да прекинат и нашите другари и пријатели кои имаат авторитет и моќ 20 години треба да зборуваат за делата што ги направиле и кога ќе дадат извештај тогаш ќе може да обвинуваат“.
„Не можеме да молчиме затоа што работата што ми е дадена ако не ја работам ќе биде чесно да кажам благодарам ослободете ме од обврската и да ја дадам на некој што може, но некого да обвинувам не е чесно. Албанците 20 години ја поддржуваат идеологијата на Али Ахмети и ДУИ, и тоа не е случајно. Дали ја завршивме целата работа? Нема никој на светот кој вели дека ја завршил целата работа. Сите треба да се вразумиме и да погледнеме во политичкото минато и конечно да се прилагодиме на барањата на лидерот и на народот“,
нагласи Џафери.
Пред една недела, односно на 8 јануари „огнената група“ од собир во Студеничани порача дека се непоколебливи во поддршката на Ахмети, но „да не го палиме јорганот за неколку болви“.
Следниот ден на социјалните мрежи се појави видео-снимка од лидерот на ДУИ како со цигара в рака и во добро расположение пее песна на албански јазик. Ова од медиумите на албански јазик беше протолкувано како одговор на Ахмети на пораките од „огнените“ упатени од Студеничани.
Инаку, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа во Чегране, Гостиварско, порача дека политичките партии мора да се обединат, да создадат сојуз за Европа и што поскоро да се донесат уставните измени со вметнување на Бугарите затоа што тоа е единствено решение за отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ)