Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, во изјава за „360 степени“ вели дека е во процедура нов тендер за подготовка на кампања за пописот, откако претходната кампања, практично, беше суспендирана со одлуката за одложување на статистичката операција за септември
Во меѓувреме, во пол ек е неформална кампања за претстојните локални избори, што треба да се одржат по завршувањето на пописот, односно на крајот на октомври, според договорот што го постигнаа лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ
Во почетокот на август, Државниот завод за статистика (ДЗС) ќе почне нова кампања за пописот 2021 година, кој овој пат треба да се реализира од 5 до 30 септември, а откакобеше постигнат политички договор за одложување на операцијата, која првично беше планирана за април годинава.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, во изјава за „360 степени“ вели дека е во процедура нов тендер за подготовка на кампања за пописот, откако претходната кампања, практично, беше суспендирана со одлуката за одложување на статистичката операција.
„Сè уште е рано за почеток на кампањата за пописот. Таа би почнала по шпицот на годишните одмори, во почетокот на август, со оглед на тоа што попишувањето во земјава треба да почне на 5 септември. Во меѓувреме, во ДЗС течат редовните подготовки за пописот, а наскоро планираме да ја интензивираме кампањата во дијаспората, каде што операцијата продолжи да тече, ама во последниот период очекувано стагнира, така што во текот на вчерашниот ден немаше ниту еден попишан“,
вели Симовски за „360 степени“.
Симовски вели дека досега се попишани околу 190 илјади македонски граѓани во дијаспората. Тоа, како што оценува, е изненадувачки добра бројка, затоа што не се очекувал толкав интерес, особено ако се има предвид дека и натаму е отворена можноста за попишување на македонските граѓани кои се во странство, така што бројката на попишани македонски државјани во странство ќе биде уште поголема. Што се однесува до попишувачите, кои пролетта беа тестирани и одеа на обука, директорот на ДЗС вели дека, сепак, ќе биде распишан нов оглас, затоа што дел од оние што тогаш беа избрани можеби, во меѓувреме, се вработиле или сега не се заинтересирани да се вклучат во операцијата.
Откако беше одложен, пописот во последните два месеци не е веќе „дежурна тема“ за искричења меѓу партиите од власт и од опозицијата во земјава. Затоа, пак, во меѓувреме, на политичката сцена, во пол ек е неформална кампања за претстојните локални избори, кои треба да се одржат по завршувањето на пописот, според договорот што го постигнаа лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, а кој потоа беше преточен во измени во Законот за попис и во Изборниот законик.
Поврзани вести:
Мицкоски се закани: Нека продолжат со сила да го туркаат пописот и влегуваме во политичка криза
Алијанса и Алтернатива со Бадентер ќе го спречуваат одложувањето на пописот
Иако годинешниве локални избори, се поместени за крајот на октомври, наместо да се одржат во првата половина на овој месец, во последните неколку седмици евиддентно е дека најголемите партии во земјава се во кампања, која се одвива на терен. Додека раководствата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се на трибини низ општините во земава, ДУИ на големо ја промовира зелената агенда што ја најави.
Поврзани вести
Груби се пофали дека со Мерко почнале да ги уриваат платформите во Струга
Мицкоски вечерва од Хераклеа најави дека ВМРО-ДПМНЕ на 16 јуни ќе промовира новина за пресврт
Со „Најдоброто за нашата општина“ СДСМ од задутре започнува теренски активности за локалните избори
Со измените во Изборниот законик, со кои е предвидено пролонгирање за неколку седмици на локалните избори, гласањето во првиот круг за градоначалници и за советници во општините би требало да се реализира на 24 или на 31 октомври. Според тоа, согласно со законски предвидените рокови, „вистинската“ изборна кампања би требало да почне околу 4 или околу 11 октомври, односно откако ќе заврши пописот.