Според одлуката, од 15 февруари во Италија ќе се воведе задолжителна вакцинација за сите лица над 50 години, без разлика дали се невработени или вработени во јавен или приватен сектор
Италијанската влада одлучи да воведе задолжителна имунизација против ковид-19 за лица постари од 50 години, откако се соочи со силен скок на бројот на новозаразени со коронавирус, пренесува Н1.
„Сакаме да ја спречиве заразата и да ги мотивираме италијанците кои сè уште не се вакцинирани, да го сторат тоа“,
истакна италијанскиот премиер Марио Драги, а пренесува Н1.
Тој истакна дека со мерката ќе се интервенира пред сè кај повозрасната популација која е поподложна на хоспитализација поради компликации од коронавирусот.
Според одлуката, од 15 февруари во Италија ќе се воведе задолжителна вакцинација за сите лица над 50 години, без разлика дали се невработени или вработени во јавен или приватен сектор.
Италија има вкупно 59 милиони жители, а од нив 28 милиони се постари од 50 години, велат податоци од Националниот институт за статистика.
Владата на Италија уште на 29 декември донесе одлука дека од 10 јануари, ковид сертификатите ќе важат во сообраќајот, хотелите, терасите на рестораните, на саемите, конгресите како и во спортските сали.
Ковид сертификатите веќе се задолжителни и за некои професионални категории како здравствениот персонал, наставниците и безбедносните сили.
Во моментов повеќе од 1,4 милион луѓе се позитивни на коронавирус во Италија.