Во Италија во изминатите 24 часа, 8 014 пациенти се регистрирани како оздравени од ковид-19, што е рекорден број за еден ден, соопшти италијанската Цивилната заштита.
Вкупниот број на оние што закрепнале е 93 245 луѓе.
Во меѓувреме, стапката на заболени повторно се зголеми вчера, со регистрирани 1 444 нови случаи во однос на претходниот ден, 1 075. Вкупно, речиси 215 000 луѓе се заразени со Ковид-19.
И бројот на смртни случаи во изминатите 24 часа се зголеми на 369, во однос на претходниот ден кога бројот на жртвите беше 236. Вкупно, речиси 30 000 луѓе починаа во Италија.
Во моментот 1 333 пациенти се лекуваат на интензивна нега, додека околу 75 000 се под медицински надзор во домашна изолација.
Од 4 мај Италија по двомесечен карантин ги олабави мерките, со што околу 4,4 милиони луѓе ќе се вратат на работа.