Двајца скопјани на 19 и 28 години се осомничени за вчерашната тепачка и насилството во познатиот скопски ресторан
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за вчерашната тепачка во ресторанот „Тибека“ во Скопје, во која бил искршен и инвентар.
Две лица на 19 и 28 години се осомничени за насилство.
Според досегашните сознанија на Обвинителството, двете лица вчера околу 19.30 часот малтретирале, навредувале и на крајот нападнале две лица. Тепачката започнала веднаш откако двете осомничени лица со уште едно лице дошле во „Трибека“ при што повикале еден од сега натепаните да седне со нив маса. Тогаш еден од насилниците почнал да го удира со тупаници, а ќотек добил и третиот кој со осомничените тепачи дошол во ресторанот, и кој се здобил со тешки телесни повреди.

На една девојка која зборувала на телефон, еден од тепачите и го грабнал телефонот и го искршил притоа навредувајќи ја, по што почнал да крши и од инвентарот во ресторанот.
За двајцата осомничени за тепачката и дивеењето Обвинителството бара притвор.
Како што објавија денеска повеќе медиуми, сведоци на насилството биле и инспектори од Пазарната инспекција, кои дошле во контрола, но не успеале ни да влезат во локалот, бидејќи во моментот кога пристигнале, толпа луѓе излегла од ресторанот, бегајќи од дивеењето на двајцата скопјани. Веднаш пристигнала и полицијатаа која случајот го предала на Обвинителството.
