Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, како што информира МВР, утринава го пријавил нападот во СВР Скопје, по што се преземаат мерки за расчистување на случајот
Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, бил физички нападнат од неколку лица, потврди за МИА Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тој, како што информира МВР, утринава го пријавил нападот во СВР Скопје, по што се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 13.09.2022 во 09:46 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
информираа за МИА од МВР.