Оттаму додаваат дека во моментов во тек се безбедносни проверки од надлежните институции, а дека по направените проверки трговскиот центар ќе продолжи со нормалниот режим на работа
Управата на трговскиот центар „Ист гејт мол“ објави известување дека согласно безбедносните процедури на трговскиот центар, од него биле евакуирани сите вработени и посетители откако утринава тој беше еден од објектите во главниот град кои добија дојава за поставена бомба.
Оттаму додаваат дека во моментов во тек се безбедносни проверки од надлежните институции, а дека по направените проверки, трговскиот центар ќе продолжи со нормалниот режим на работа.
„’Ист гејт мол’ е еден од објектите кои денес примија закана за поставена експлозивна направа, бомба. Согласно безбедносните процедури на трговскиот центар, трговскиот центар беше евакуиран. Во тек се безбедносни проверки од страна на надлежните институции. Откако ќе завршат, трговскиот центар ќе продолжи со нормалниот режим на работа за вработените и посетителите. Дополнителни информации ќе следуваат по завршувањето на безбедносните проверки“,
се наведува во известувањето од трговскиот центар.
Трговскиот центар „Ист гејт“ беше еден од објектите кои денеска добија дојава за поставена бомба.
Заканувачки дојави добија и трговскиот центар „Бисер“, станбено-деловниот комплекс „Флатрон“, полициската станица Центар, Транспортниот центар, како и седум средни училишта во главниот град.