Лидерот на Партијата на слободата и пратеник Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата
Парламентот на Холандија денеска беше евакуиран по добиена лажна бомба.
По еден час, откако беа извршени проверки, полицијата дозволи враќање во зградата.
Лидерот на Партијата на слободата и пратеник Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата.
„Пакет со кадифено мече и жици беше доставен во мојата канцеларија во парламентот. За среќа немаше експлозив и не беше опасно, но не беше ниту забавно“,
напиша Вилдерс на Твитер.
Вилдерс е најпознат по неговите критики кон исламот и со години живее под строги безбедносни мерки бидејќи добива смртни закани.