Од 20 јануари вакво правило важеше само за патници од Шенген – зоната, но сега тоа е за сите, без оглед од која држава доаѓаат
Од четврток, Исланд ќе им овозможи на сите патници да влезат во земјата без каква било друга форма на контрола, но мора да имаат потврда дека се вакцинирани, објави исландското Министерство за здравство.
Од 20 јануари Исланд воведе вакво правило само за патници од Шенген – зоната, но сега тоа ќе важи за сите, без оглед од која држава доаѓаат.
Потврдата мора да биде издадена или од земја од Шенген зоната или од Светската организација.
„Лицата со таков сертификат не треба да бидат тестирани или да одат во карантин по пристигнувањето во земјата, ниту пак треба да имаат негативен резултат на тест за коронавирус пред патувањето“,
соопшти Министерството.