Екстремистичката група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз шиитската џамија во Кандахар, во кој загинаа 41 лице.
За време на големата молитва во петокот, во најголемата џамија во вториот по големина град во Авганистан одекнаа експлозии во кои беа повредени најмалку 70 лица.

Џихадистичката организација соопшти дека двајца бомбаши самоубијци извршиле одделни напади во џамијата.
Ова е прв напад на групата ИД во Кандахар, град во кој е родено талибанското движење.
Светските медиуми, вклучувајќи ги и Би-би-си и АФП, јавија дека ова е војна што ИД ја води против талибанците.
Иако членовите на милитантната група често истакнуваат дека ИД била „истребена“ од Авганистан и дека сите нејзини членови ја напуштиле земјата минатиот месец, познавачите на ситуацијата се убедени дека лидерите на ИД користат бомбаши самоубијци за да предизвикаат што поголема штета и да ги поразат талибанците.