Иранците денеска ја слават 46-годишнината од победата на Исламската револуција излегувајќи на улиците на Техеран и низ целата земјата
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, во говорот по повод 46-годишнината од револуцијата со која беше соборена монархијата на Пахлави, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја фрли Исламската Република на колена.

„Трамп вели – сакаме да разговараме со Иран и потпишува меморандум со кој сака да ја фрли на колена нашата револуција“,
рече Пезешкијан пред толпата во Техеран.
Тој мислеше на документот потпишан од американскиот претседател минатата недела, кој предвидува нови санкции, особено против иранскиот нафтен сектор.
„Ние не бараме војна“,
рече иранскиот претседател додавајќи дека неговата земја „никогаш нема да потклекне“.
On the anniversary of the 1979 Islamic Revolution, Iranian President Masoud Pezeshkian accused US President Donald Trump of seeking to bring Iran “to its knees” pic.twitter.com/42Of2TEqEf
— The New Region (@thenewregion) February 10, 2025
Иранците денеска ја слават 46-годишнината од победата на Исламската револуција излегувајќи на улиците на Техеран и низ целата земјата. Од понеделник наутро државната телевизија емитува снимки од населението на улиците на градовите и селата, придружени со забавна музика и патриотски песни. Многумина извикуваат антиамерикански и антиизраелски слогани, носат зелено-бело-црвени ирански знамиња, како и оние на Хезболах и портрети на ајатолахот Хомеини.
Со прославите се одбележува падот на монархијата управувана од шахот Реза Пахлави и тие започнуваат секоја година на 31 јануари, датумот на враќањето на ајатолахот Хомеини во Техеран во 1979 година, по егзилот во Париз. Во изминатите денови, многубројни ирански претставници го повикаа населението во што поголем број да учествува на прославите.