Иранската Револуционерна гарда соопшти дека цел на нападите биле американската база „Ал Азрак“ во Јордан, базата „Али Ал Салем“ во Кувајт и седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин
Нападите следуваат по ескалацијата на судирите меѓу САД и Иран, која започна по соборувањето на американски воен хеликоптер „апачи“, во близина на Ормускиот Теснец, по што двете страни разменија воздушни удари
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди пропорционален одговор на неоправданата иранска агресија, по што американските сили извршиле напади врз системи за противвоздушна одбрана, радари и командни пунктови во близина на Ормускиот Теснец
Иран рано утрово изврши напади врз американски воени бази во Кувајт, Бахреин и Јордан, како одговор на претходните американски воени дејствија, со што дополнително се зголемија тензиите на Блискиот Исток и се намалија изгледите за брз дипломатски договор меѓу Вашингтон и Техеран, пренесува Си-ен-ен.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека цел на нападите биле американската база „Ал Азрак“ во Јордан, базата „Али Ал Салем“ во Кувајт и седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.
Според иранските државни медиуми, Техеран му порача на Вашингтон дека е подготвен решително и разорно да одговори на секоја нова американска воена акција.
Јорданските вооружени сили соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани кон базата „Ал Азрак“. Армијата наведе дека остатоци од проектилите паднале на јорданска територија, но нема информации за жртви или материјална штета.
🚨 İran'dan fırlatılan bir füzenin Bahreyn'i vurduğu an. pic.twitter.com/1Trfh8WDLZ
— Kongar (@ultrarrow) June 10, 2026
Во Бахреин во текот на ноќта беа активирани сирени за воздушна опасност, откако Иран објави дека ја таргетирал американската Петта флота со седиште во Манама. Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните да побараат засолниште и да ги следат упатствата на надлежните служби.
Дополнително внимание предизвикаа снимките што покажуваат моќен блесок во правец на базата на Петтата флота на САД. Според достапните информации, блесокот е снимен само неколку минути откако биле активирани сирените за аларм.
Во меѓувреме, кувајтската армија соопшти дека системите за воздушна одбрана дејствувале против непријателски воздушни цели над територијата на земјата.
„Генералштабот на армијата објавува дека кувајтските системи за воздушна одбрана во моментов ги таргетираат непријателските воздушни цели“,
се наведува во соопштението на армијата.
Кувајтската војска објави дека ги таргетира непријателските воздушни цели над нејзината територија откако Иран и САД разменија воздушни напади по соборувањето на американскиот воен хеликоптер „апачи“.
„Генералштабот на армијата објавува дека кувајтските системи за воздушна одбрана во моментов ги таргетираат непријателските воздушни цели“,
се вели во објава на Икс.
Нападите следуваат по ескалацијата на судирите меѓу САД и Иран, која започна по соборувањето на американски воен хеликоптер „апачи“, во близина на Ормускиот Теснец, по што двете страни разменија воздушни удари.
Според американската војска, хеликоптерот бил погоден од ирански дрон „шахед“, по што се урнал. Екипажот бил спасен и се наоѓа во стабилна состојба.
Техеран тврди дека во нападите биле погодени четири клучни објекти во американската база во Јордан, меѓу кои хангари за борбени авиони Ф-35 и команден центар. Според ИРГЦ, акцијата е дел од поширока одмаздничка операција во која биле нападнати вкупно 21 цел поврзани со американското воено присуство во регионот.
Иранските власти, исто така, тврдат дека за време на операцијата е соборен американски дрон „Мкју-9“ над иранскиот воздушен простор.
Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп нареди пропорционален одговор на неоправданата иранска агресија, по што американските сили извршиле напади врз системи за противвоздушна одбрана, радари и командни пунктови во близина на Ормускиот Теснец.
Техеран веднаш најави одговор, а иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека земјата останува посветена на дипломатијата, предупредувајќи дека секој напад ќе биде возвратен.
