Иран утрово егзекутираше свој државјанин, кој бил вработен како преведувач и беше осуден дека продавал информации на американски и израелски разузнавачки служби за тоа каде се наоѓа иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад со дрон.
Махмуд Мусави Маџд претходно беше прогласен за виновен за шпионирање на иранските вооружени сили, а службите на кои наводно им давал информации за генералот се американската ЦИА и израелскиот Мосад.
Генералот Сулејмани беше убиен на 3 јануари во напад со дрон во близина на аеродромот во Багдад. Со него загинаа уште шест лица, меѓу кои и заменик-командант на ирачките милиции, поддржани од Иран.