Зошто се одзема плодно земјиште во Гостиварско иако таму нема да поминува автопатот, се води ли грижа за природното наследство, колку пари досега се префрлени на „Бехтел и Енка“ и колку се предвидени за 2024 г? За овие теми разговаравме со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми
На терен веќе се видливи првите градежни активности на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д, но и првите проблеми. Жители на гостиварските Горна и Долна Бањица реагираат дека им се експроприраат нивите од кои живеат и тоа по многу ниска цена, а во Прилепско, пак, група ентузијасти се борат локалитетот Црн Камен, уникатно наоѓалиште на минерали, да не заврши како тампон за автопатот во градба
Соочен со проблемите што се појавија во Гостиварско и во Прилепско, директорот Рустеми вели дека трасите по кои ќе поминуваат автопатите државата ги испланирала многу порано бидејќи идејните проекти не се од сега. За експропријацијата на плодното земјиште Рустеми вели дека ги разбира емоциите на сопствениците додавајќи дека тој процес е секогаш чувствителен. За цената од 650 денари за квадрат Рустеми советуваше незадоволните судски да бараат повисока цена.
Повеќе за ова, како и за потенцијалното уништување на наоѓалиштето на ретки минерали Црн Камен во Прилепско, погледнете во видеото.