По дозволеното време за работа, во угостителскиот објект биле затекнати околу 25 гости
Полицијата синоќа привела 30-годишен сопственик на угостителски објект во селото Неготино, Општина Врапчиште, поради прекршување на мерките за заштита од ковид-19.
Наместо да затвори во 18 часот, во 20:30 во локалот биле затекнати околу 25 гости, по што инспектори од Државниот пазарен инспекторат во Гостивар го затвориле објектот и го запечатиле со пломба.
Меѓутоа, братот на газдата, 37-годишен маж, ја отстранил пломбата, па и тој бил лишен од слобода.
Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
