Како што објави „Национал“, тие во својот апел заговараат сосема спротивно решение за БиХ од етничките концепти на Република Српска и на ХДЗ, кои ги поддржуваат властите во Белград и во Загреб
Тројца членови на поранешното Претседателство на СФРЈ, Стјепан Месиќ од Хрватска, Богиќ Богиќевиќ од Босна и Херцеговина и Васил Тупурковски од Северна Македонија, го комплетираат „Апелот за спас на БиХ“.
Според „Јутарњи лист“, тројцата планираат да го испратат документот до клучните инстанци во и надвор од БиХ, каде што се одлучува за земјата, но ќе го упатат и до сите засегнати, како и до пошироката јавност.
Како што објави хрватскиот неделник „Национал“, Месиќ, Богичевиќ и Тупурковски во својот апел заговараат сосема спротивно решение за БиХ од етничките концепти на Република Српска и ХДЗ, кои ги поддржуваат властите од Белград и Загреб.
На прашањето како објаснува дека во бошњачките кругови се тврди дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и ХДЗ се далеку подобронамерни кон БиХ од претседателот Зоран Милановиќ, Месиќ рече дека не знае за тоа.
„Но, знаете што, добив порака од таткото на Пленковиќ во која напиша дека јас се среќавам со Милановиќ, а зошто не комуницирам и со неговиот син. Но, Пленковиќ никогаш не ме покани да разговараме или да се видиме“,
изјави Месиќ, пренесе загрепски „Јутарњи лист“.