Претседавачката со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска најави дека следната недела ќе ги дополни законските одредби со кои и формално ќе почне судењето за отповикувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот.
Претставничкиот дом на 18 декември 2019 усвои две одредби за импичментот против американскиот претседател, за злоупотреба на моќта и за попречување на Конгресот. По првиот предмет на обвинувањето, злоупотреба на власта, „за“ гласаа 230 конгресмени, додека „против“ беа 197. По вториот предмет, попречување на законот, „за“ гласаа 229 члена, а „против“ беа 198. За утврдување на импичмент беа потребни гласови од најмалку 216 конгресмени.
Сега, на ред е Сенатот.
„Од претседателот на Правосудната комисија Џери Недлер побарав да биде подготвен следната недела до Горниот дом на Конгресот да ја проследи резолуцијата за отповик со која одредбите за импичментот ќе се префрлат на Сенатот“,
наведе Пелсои во соопштение до јавноста.
Демократите сакаат во Сенатот да сведочат актуелните и поранешните соработници на претседателот кои одбиваа да соработуваат во истрагата за отповикувањето.
Белата куќа сака брзо да заврши процесот во Сенатот, во кој се очекува претседателот да биде ослободен од обвиненијата.
Сега во Сенатот, специјално оформен суд ќе ја разгледа одлуката на Претставничкиот дом по предметите на обвинението, а бранители ќе ја докажуваат неговата невиност.
Процесот треба да го води судијата Џон Робертс, претседател на Врховниот суд на САД.
За отстранување на Трамп од должност треба да гласа една третина од сенаторите, или не помалку од 67. Процедурата се определува од лидерите во Сенатот, во кој републиканците се мнозинство.
Според Уставот, оваа фаза од процесот нема рокови.